Русија удри во резервоар со азотна киселина во источниот украински град Рубижне, предизвикувајќи облак од отровен чад да ја покрие областа, соопштија украинските власти.

Жителите се предупредени да бидат во затворени простории или да носат маска за лице натопена во раствор на натриум, рече началникот на регионалната воена управа на Луганск.

– Во Рубижне во област Луганск, руските трупи погодија резервоар со азотна киселина! Азотната киселина е многу опасна ако се вдишува, голтне или ако е во контакт со кожата. Последиците од овој инцидент се слични на употреба на хемиско или биолошко оружје!, објави украинската Врховна Рада.

Уште еднаш повикаа НАТО да го затвори украинското небо.

– Колку невини животи на нашите деца треба да изгубиме во оваа војна, колку градови треба да се уништат за НАТО конечно да го затворат украинското небо? Кажете ни ја цената, доколку човечкиот живот е безвреден за вас, порачаа од Врховната Рада.