Селекторот Кире Лазаров ги одбра патниците за Европското првенство, поради ковид-19 во Скопје остануваат четворица ракометари, меѓу нив се голманите Никола Митревски и Марко Кизиќ.

Покрај Митревски и Кизиќ, поради позитивен тест на ковид нема да патуваат ниту крилото Гоце Ојлески и левиот бек Михајло Младеновиќ, како и кондицискиот тренер Петар Баснарков.

Позитивните ракометари треба да бидат пет дена во изолација, а потоа ако добијат два негативни ПЦР теста, може да ѝ се приклучат на репрезентацијата.

Списокот на Македонија за ЕП:

Голмани: Мартин Томовски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски Леви крила: Цветан Кузмановски, Бојан Маџовски, Леви бекови: Филип Талевски, Филип Кузмановски, Марко Мишевски Централни бекови: Филип Миркуловски, Игор Георгиев, Марко Митев, Горан Крстевски Пивоти: Стојанче Стоилов , Жарко Пешевски, Костадин Петров, Кристијан Симоновски Десни бекови: Кирил Лазаров, Мартин Велковски, Мартин Серафимов Десни крила: Никола Костевски, Гоце Георгиевски

Селектор: Кирил Лазаров

Македонската репрезентација денеска во 14:10 часот ќе летне за Дебрецин. Првиот натпревар го играме во четврток против Словенија со почеток од 18 часот.