Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на заобиколница, дознава 24 ИНФО.

Несреќата се случила кај подвозникот пред Радишани. На местото има екипа на брза помош и противпожарно возило.

Две лица се пренесени во болница

Две лица се пренесени во болница откако вечерва две возила се судрија на заобиколница кај подвозникот пред Радишани.

– Сударот е меѓу две патнички возила, тојота и нисан. Две лица се пренесени на болничко лекување. Полицијата сега врши увид, сѐ уште немаме информација за каква сообраќајка станува збор – изјавија од МВР за „Република“.