Поради тешка сообраќајна несреќа, сообраќајот вечерва се одвива отежнато на булеварот „8-ми септември“, објави порталот 4NEWS.mk

Според првичните неофицијални информации на македонските медиуми, станува збор за тешка сообраќајна несреќа која се случила нешто пред 22 часот и 30 минути.

На терен е полицијата и возило на Брза помош.