Двајца Македонци утрово затрелани во Халкидики, Грција.
Крвавиот инцидент се случил околу 3.30 часот, во нивната изнајмена соба, откако непознати мажи со качулки на главата им влегле во собата и пукале во нив.
Едниот, на возраст од 39 години, добил најмалку 20 куршуми и починал на лице место, јавуваат грчките медиуми. Неговиот 45-годишен пријател е хоспитализиран со повреди во болницата Полигирос.
Медиумите пренесуваат дека починатиот е познат бизнисмен од Скопје, сопственик на казино.
Полицијата во Полигирос спроведува прелиминарна истрага.