Сончогледовото масло ќе се увезува без царина…

За да нема недостиг на домашниот пазар, Владата донесе одлука наместо 29%, маслото за јадење да влегува во земјата без давачка.

Со ваквата мерка, која ќе трае до 31-ви мај, се очекува и пад на цената за најмалку 20 %. Србија неделава треба да ја тргне забраната за извоз во Македонија, а до тогаш, од Министерството за економија велат дека сончогледово масло ќе се увезува од Бугарија и Турција, како и до сега.