Ден по шокантниот пораз од екипата на Воска Спорт од 1:3 , шефот на стручниот штаб Горан Петрески, заедно со своите помошници ја превземаа одговорноста за двата последователни порази и поднесоа неотповиклива оставка, заблагодарувајќи се на управата на клубот за укажаната доверба, која за жал не резултираше во посакуваниот правец
Изјава на Горан Петрески :
“Јас и мојот стручен штаб ја превземаме одговорноста за двата порази во низа и од денес повеќе нема да ја извршуваме тренерската функција во клубот. За Вардар секогаш сум го давал целото свое срце, така беше и овој пат, жалам што сета таа љубов и посветеност не ги донесе посакуваните резултати”