Рано утрово двајца жители на Студеничани биле уапсени откако полицијата ги затекнала како ја прекршуваат забраната за движење, а кај едниот од нив бил најден гасен пиштол, соопшти МВР.

„На 20.05.2021 околу 04.00 часот во с.Студеничани, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.М.(28) и Н.Ј.(23), двајцата од с.Студеничани, затоа што ја прекршиле забраната за движење, а кај А.М. бил пронајден пиштол „екол“ и пет гасни куршуми“, велат од полицијата.

Тие биле предадени на полициски службеници од Полициска станица Драчево за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.