Полицајците од Какањ (БиХ), Амир Грахиќ и Един Хабибовиќ, кои го пуштија пијаниот возач Јасмин Кубат на автопат, кој притоа загина и го усмрти хармоникашот Ален Омербашиќ, се осудени на по 22 месеци затвор, потврди адвокатскиот тим на еден од обвинетите полицајци.
Станува збор за случај за кој босанските медиуми ги открија страшните детали од несовесното работење во служба на полицајците Амир Грахиќ и Един Хабибовиќ. Тие добија и забрана за вршење дејност во времетраење од пет години.
Против Грахиќ и Хабибовиќ е отворена истрага затоа што ноќта на 1-ви септември тие прво го запреле возачот Јасмин Кубат на патарината во Какањ, а потоа му помогнале да земе картица за автопат иако бил видно пијан.
Кубат тргнал во погрешен правец кон Зеница и во Тичиќи предизвикал судар со БМВ управувано од хармоникашот Ален Омербашиќ од Сараево. Двајцата останале мртви на лице место.
Во продолжение фотографии од страшната несреќа: