Второто основно јавно обвинителство во Белград штотуку го заврши сослушувањето на продуцентката на ТВ Пинк Нина Ковачевиќ која, како што се сомнева, на 26 јуни на Вождовац налета и тешко го повреди девојчето М.Ѓ. (14) а поради тежината на делото, Обвинителството побарало притвор за осомничената.

Осомниченатасе товари за тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.

– Таа е осомничена дека сообраќајната незгода ја предизвикала со умисла, имајќи предвид дека возилото го управувала пијана, со 1,51 промили алкохол во крвта, како и поради тоа што несреќата се случила на пешачки премин – се наведува во соопштението на обвинителството.

Како што се наведува понатаму, осомничената ја изнела својата одбрана, по што Второто ОЈТ во Белград доставило предлог до надлежниот основен суд да ѝ одреди мерка притвор на Нина К. за да не влијае врз сведоците, повредената девојка и очевидците на настан.

Обвинителството ја продолжува работата по предметот со спроведување на други доказни дејствија.