Загина 35-годишен маж откако во неговиот семеен дом избувна пожар. Чадот и пламените јазици ги кренаа на нозе жителите на улицата Исаија Маџовски. Опожарениот стан кој со часови гореше го гаснеа три противпожарни возила, а на местото дојдоа и екипи на итната медицинска помош која ја констатирале и смртта.

ВЕДНАШ БЕА УПАТЕНИ ДВЕ ПРОТИВПОЖАРНИ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ КОЈ ШТО ЗАТЕКНАА ПОЖАР ВО РАЗГОРЕНА ФАЗА И ПОБАРАА ДОПОЛНИТЕЛНА ПОМОШ. БЕШЕ ИСПРАТЕНО УШТЕ ЕДНО ВОЗИЛО ОД НАЈБЛИСКИОТ ЦЕНТАР ОД ТАВТАЛИЏЕ . ОСВЕН МАТЕРИЈАЛНА ШТЕТА ШТО Е ПРИЧИНЕТА ВО ОПОЖАРЕНИОТ СТАН ПРОНАЈДЕНО Е И ЕДНО ПОЧИНАТО ЛИЦЕ, ВЕЛИ ЗА ТЕЛМА ЗВОНКО ТОМЕСКИ КОМАНДИР НА ПРОТИВ ПОЖАРНА БРИГАДА СКОПЈЕ.

Соседите вознемирени не сакаа да зборуваат пред камера, кратко кажаа дека тој живеел сам, но не ги знаат причините за трагедијата. Случајот го потврдија и од МВР, објавува телевизија Телма.

НА 22.09.2023 ВО 09.47 ЧАСОТ ВО СВР СКОПЈЕ ПРИЈАВЕН Е ПОЖАР ВО СТАН НА УЛ. ИСАИЈА МАЏОВСКИ ВО СКОПЈЕ. ПОЖАРОТ Е ИЗГАСНАТ ОД БРИГАДАТА ЗА ПРОТИВПОЖАРНА ЗАШТИТА, А ВО ОПОЖАРЕНИОТ СТАН ПРОНАЈДЕН Е ПОЧИНАТ И.Ј. (35) ОД СКОПЈЕ. СМРТТА ЈА КОНСТАТИРАЛ ЛЕКАР ОД ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ, ВЕЛАТ ОД МВР.

На увид дојдоа и екипи на крим техника за дополнително да ги утврдат причините за смртта на 35- годишниот маж. Остатоците од пожарот останаа да сведочат за трагедијата која утрово се случи во скопската населба Хром.