На социјалните мрежи кружи драматично видео снимено на 28 декември во градот Архангелск на крајниот север на европскиот дел на Русија. Веднаш да нагласиме дека кадрите може да бидат вознемирувачки за некои читатели.
На почетокот, се гледа автобус како доаѓа на станица, окован во снег. Прво излезе една госпоѓа, а потоа и едно момче. Вратата се затвори и му зафати дел од чантата, така што не можеше да ја откачи.
Возилото тргнало и почнало да го влече несреќното дете, кое избезумено се бори да остане на нозе. Не успеал и по десетина метри паднал на земја. Имал среќа што не завршил под тркалата на автобусот, а наводно за време на инцидентот се здобил со скршеница на раката.