Полицаецот Лудијам Заими со службен пиштол застрелал колега во полициската станица бр.3 во албанската престолнина Тирана!

Телевизијата „Еуроњуз Албанија“ објави надзорна снимка на која се снимени моментите пред трагедијата, но и самиот чин на убиство што се случи во понеделникот нешто по 21 часот. Снимката е многу вознемирувачка.

На видеото се гледаат неколку полицајци, меѓу кои и неколку жени, како седат на маси во полициската станица. Во еден момент, полицаецот

Чауш Салиани ја напушта просторијата, седнува на скалите пред вратата, но зад него излегува и Заими, кој набрзо вади пиштол и испукува најмалку шест истрели во главата и телото на колегата од непосредна близина.

Заими по убиството се обидел да побегне, но бил фатен пред полициската станица.

Се верува дека дошло до банален конфликт меѓу Заими и Салиани.