Фудбалерот на Фиорентина, Едуардо Бове колабираше за време на мечот против Интер, тој е пренесен во болница, а дуелот е прекинат и нема да се доигра денеска.
Во 15. минута од натпреварот Едуардо Бове колабираше на теренот и почна да се грчи. Следуваше брза интервенција на медицинската екипа и паника меѓу играчите.
Фудбалерите на двете екипи го обиколија Бове на теренот додека се укажуваше медицинската помош.
Младиот играч беше однесен на носилки во болница со амбулатно возило, а натпреварот беше прекинат и одлучено е да не се доигра денеска.
На лицата на сите на кои беа присутни можеше да се види паника, кај навивачите, фудбалерите и судиите, на некои од нив имаше и солзи на очите.
Во текот на денот ќе се знае повеќе за состојбата на Бове.
Prayers for Edoardo Bove who was down in the Fiorentina and Inter Milan game today. This is very sad 🥹💔💔🤦♂️
pic.twitter.com/VJ9zSR6Zda— Tema Mayor 🇬🇭 🇬🇧 (@Pro_designer_) December 1, 2024