Случајни минувачи на улицата Праксителус бр. 147 во Пиреја денеска напладне се соочиле со страшна глетка веднаш по убиството на 39-годишниот маж од постар маж со пушка, откако неговото тело било на земја со видливи траги на неговoто лице од двата истрели.
Во објавите на грчките медиуми, може да се види 39-годишниот маж со албанско потекло како лежи на земја и изгубил свест по кобната епизода со 68-годишникот. По кратко време, Итната помош ја подигна жртвата од нападот и ја пренесе во болница, каде беше констатирана смрт.
Според информациите, несреќниот маж имал 39 години, со албанско потекло, татко на три деца и работел на споменатиот паркинг каде дошло до кобната расправија.
„Завршив со тебе, сега завршив со тебе“, наводно извикувал 68-годишниот на паркингот пред да го убие помладиот маж. Очевидци на бруталното убиство изјавија дека напаѓачот за кој се вели дека има психички проблеми и често влегувал во монфликти, од жртвата побарал паркинг место на соседниот паркинг.
Откако се расправале, напаѓачот се качил во неговиот стан, ја извадил ловечката пушка, се вратил на паркингот и ладнокрвно пукал во несреќниот 39-годишен вработен.
Во меѓувреме, жена која го познавала постариот сторител на убиствениот напад во Пиреја, зборува за човек кој често создавал проблеми и се расправал со соседите поради тривијални причини.
Веднаш по инцидентот, вооружениот маж, на возраст од 68 години, влегол во неговата куќа на улицата Алкивијаду, но потоа и се предал на грчката полиција. Според информациите, жртвата со албанско потекло, на околу 39 години, првично била пренесена во болницата Јанеио каде, за жал, била констатирана смрт.
Вознемирувачката снимка од самото убиство можете д аја погледнете на СЛЕДНИОТ ЛИНК.