Момче се удави во базен, додека родителите кои се сончале не забележале како детето избезумено повикува некој да му помогне. Трагедијата се случила на отворен базен во областа Хехзаделер во турскиот град Маниса, каде осумгодишниот Јусуф Асаф Тикташ и неговите родители заминале да се релаксираат.

Вознемирувачката снимка на безбедносните камери го покажува моментот кога момчето се лизга од тобоганот и влегува во водата. Јусуф се бореше повеќе од една минута, но за жал не го забележаа неговите родители, кои се одмораа на лежалките покрај базенот. Не го забележаа ниту други пливачи.

Момчето драматично се бореше да ја одржи главата над површината на водата. Откако конечно неговите родители Саима и Енгин Тикташ сфатија дека се дави и брзо го извлекоа од базенот.

Медицинскиот тим брзо го префрлило детето во болница, каде бил на интензивна нега и се борел за живот. За жач, на крајот им подлегнал на повредите предизвикани од недостаток на кислород во мозокот и починал неколку дена подоцна.