63-годишен работник на скопска фирма е тешко повреден во струшкото село Делогожда, кога врз него паднала ископана земја, соопшти полицијата.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и извршен е увид во содејство со трудова инспекција, при што е констатирано дека при изведување на градежни работи околу канализациона мрежа се урнал дел од откоп од земја при што С.Г. се здобил со повреди и бил пренесен во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што се констатирани тешки телесни повреди.

За настанот е известен надлежен јавен обвинител од ОЈО Струга.

Loading...