Вработена на Железничката станица во Нови Сад ја опишува трагедијата која се случи вчера.
Објаснува дека во тој момент продавале билети и немало многу метеж.
„Немаше многу гужви. Одеднаш почувствувавме вибрации, помисливме дека може е земјотрес, а потоа слушнавме силен удар, како да паднала бомба”, вели вработената на станицата.
Вака една од работничките на железничката станица во Нови Сад ја започнува приказната за српски “Блиц”, која била само неколку метри оддалечена од местото на трагедијата.
„Навистина мислевме дека некој фрлил бомба, бидејќи само пред нашите очи видовме како сè се урива врз луѓето. Истрчавме од канцелариите, но сè уште се тресеше и се распаѓаше, а парчињата од конструкцијата паднаа за 10-20 секунди, а ни изгледаше како вечност“, вели таа.