На социјалните мрежи се појавија фотографии кои на прв поглед изгледаат како улиците да ги покрила густа снежна покривка.

Ова е последица од силно невреме со град и силен дожд што го погоди во петокот градот Ројтлинген во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, пренесува магазинот Феникс.

На улиците за кратко време се наталожи бел слој град кој досега до околу 30 см.

Токму овој слој град, како и паднатите лисјата ги блокираа одводните цевки, а водата ги поплави подземните гаражи, подрумите и станбените згради. Нивото на реката Ехаза за пет минути порасна за 1,50 m, но за среќа не се излеа од коритата.

Watch on TikTok

На улиците излегоа зимски машини за да го расчистат дебелиот слој град.