Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот ,,Монструм”, со што трите изречени казни за доживотен затвор на Алил Демири, Агим Исмаиловиќ и Африм Исмаиловиќ стануваат правосилни.
-Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи во случајот познат во јавноста како „Монструм“, по одржаната јавна седница на ден 27.06.2023 година и по одржаната седница на ден 15.09.2023 година, донесе пресуда ВКЖ2-33/22 со која жалбите на обвинетите А. Д., А.И., и А. И. ги одби како неосновани и пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ-109/21 од 31.03.2022 година, ја потврди во целост.
Од тројцата осудени, само Агим Исмаиловиќ е во затвор, а Африм Исмаиловиќ и Алил Демири се на слобода во Косово.
Покрај трите доживотни казни затвор, минатат година со пресудата на Апелација на правосилна казна од 9 години беше осуден и Хаки Азири, а Фејзи Азири на казна затвор од 15 години. Единствено ослободителна пресуда доби обвинетиот Сами Љута.
Петкратното убиство кај Смиљковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, кога беа убени момчињата Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и рибарот Борче Стевковски.