Српскиот музички режисер и моден фотограф Дејан Милиќевиќ се присети на својот живот во Македонија и на немилиот настан што му се случи на врвот на кариерата. За помалку од еден час, исчезнало се што градел со години.
– По 10 години во Македонија, за 40 минути ми беше испразнер целиот стан. Имав камери, монтажа, добро работев и заработив убав капитал, вложив се. За половина час се од станот беше на Косово и распродадено, а секако дознав многу подоцна. Тоа беше голем стан во Скопје, а блинд вратата не беше отворена, што е многу интересно, туку беше отклучена. Се покажа дека некој кој еднаш ми го зел клучот, направил нов… Не сакам веќе ни да размислувам за тоа. Очигледно, сè мораше да се случи на тој начин. Се што заработив го немаше за 40 минути, не ми ги оставија ни гаќите. Дури и рутерот го однесоа, веројатно за да ми кажат дека не сум добредојден – рече Дејан и додаде:
– Кога ќе видам на Википедија дека пишува дека имам македонско потекло, полудувам затоа што немам ништо со Македонија освен што живеев таму 10 години. Еден прекрасен човек, Бранислав Јовановиќ ми понуди да живеам со него и да работам со него додека не застанам на нозе. Секоја вечер на моите најблиски им испраќав цигари, лекови, облека, се што им требаше додека траеше бомбардирањето. После се, ми останаа двајца пријатели во животот и за тоа сум му благодарен на Бога. Тоа што издржав 30 години и што изгледам вака божествено е награда од универзумот затоа што секогаш сум се трудел да помогнам и да бидам што е можно покоректен – рече Милиќевиќ и откри што нема никогаш да заборави:
– Но, не е се така мрачно… Почнав од нула, никогаш нема да ги заборавам Весна Петрушевска и пејачката Верица Пандиловска, кои веднаш ми пријдоа на помош во периодот на бомбардирањето, а тоа ќе го паметам додека сум жив – рече Дејан и откри како изгледале средбите со луѓето откако излегол од проблемите;
– Луѓето кои не ме виделе долго време ме прашуваат како: „Веќе не работиш во Македонија?“, јас само велам „Не, се преселив во Монте Карло и Азурниот брег, сега сум фотограф и работам за најлуксузниот магазин на светот…“ Така луѓето сакаат да ѕиркаат, се може да се види по изразот на нивните лица. Никогаш не ми било важно дали е Свијалнац или Монте Карло, воопшто не ми е важно, битна е енергијата, љубовта, дружењето… Претпоставувам дека луѓето тргнуваат од себе и така се однесуваат и се охрабруваат – изјави Дејан.