Томислав Настевски (Ѓорче Петров, Општина Ѓорче Петров, 4 август 1973 – Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци – Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.
Живот, војната 2001 и сведоштва
Томислав Настевски е роден на 4 август 1973 година во населбата Ѓорче Петров во Скопје. Завршува средно образование. Пред да биде мобилизиран беше невработен. Работеше сѐ и сешто, најчесто физички работи, само за да обезбеди егзистенција за семејството. Поради тешкотиите во животот, тој ја праќа сопругата заедно со синчето во село на одмор. Ден потоа се јавил од касарната Илинден, од каде што заминале на теренот во близина на селото Љуботен.
Томе останува полни два месеца на фронтот. Првиот месец си доаѓаше дома почесто. За вториот месец велеше дека му дошле други старешини кои многу поретко го пуштале да доаѓа дома. Затоа, пак, редовно комуницирале преку телефон. Неколку дена пред да загине во заседата кај Љуботенски Бачила, Томислав се повредува и ја шинал ногата. Иако тешко одеше, цели две недели не го пуштаа да си дојде дома. Неговиот старешина му рекол: Ако не можеш да одиш на позиција, не можеш да одиш и дома.
Томислав остана со шината нога до крајот. Неговата сопруга отиде во одморалиштето кај Љубанци каде што им беше базата да му однесе „руска вода“ за да го масира отокот на ногата. Многу тешко се движеше, ногата му беше завиткана во завој, не можеше да носи каква било обувка. Подоцна, на почетокот на август, доаѓаше дома двапати. На 4 август му беше роденден. Го прославувале роденденот со побегнатите роднини од Тетово. На 7 август последен пат дојде да се види со сопругата и синчето. На 10 август, дента кога требаше да си дојде, Томислав загинува во заседата кај Љуботенски Бачила.
Бил жив, но спасувачите мислеле дека е мртов?!
За да биде трагедијата поголема, всушност умира тешко ранет во камионот, бидејќи спасувачите го заборавиле.[2] Според соборец на Томислав, откатко се случила експлозијата, тој бил жив уште три часа колку што се чекало да стигне помошта. Очајно барал помош но, другарот, исто така, тешко ранет, не можел ништо да стори. Успеал само да му довикне: Снајди се некако, издржи додека дојде помошта. Томислав се довлечкал до камионот и се сокрил внатре или под него, постојано барајќи помош. Некој од војниците му дал газа и тој ги притискал раните, но и натаму обилно крварел.
Екипите за извлекување успеале да стигнат на местото на настанот дури по околу три часа. Веројатно не го виделе, или сметале дека е мртов. А тој бил жив, барем како што кажува сведокот. Во меѓувреме, како што кажал сведокот, некој војник се симнал од одморалиштето кај камионот и ги штител ранетите и убиените од нападите на тер ор истите кои се обиделе да се симнат од Љуботен. Да не бил тој војник, веројатно сите ранети ќе биле из маса кри рани од тер ор истите за да нема сведок.
Томислав зад себа ја остави својата сопруга и својот тогаш пет и пол годишен син. Посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
Ивица Златевски бил најмладата жртва
Ивица Златевски (Волково, Општина Ѓорче Петров, 20 декември 1976 – Љуботенски Бачила, Љуботен (Скопско), 10 август 2001) бил македонски бранител, војник од резервен состав на АРМ и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 10 август 2001 заедно со седуммина соборци, откако камион на АРМ полн со муниција налетува на две нагазни мини поставени на шумскиот пат на правецот Љубанци – Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора, на околу 5 км од селото.
Живот, војната 2001 и сведоштва
Ивица Златевски е роден на 20 декември 1976 година во скопското село Волково. Според неговите блиски, од Ивица зрачеше спортскиот дух и ентузијазам, во време кога беше убеден дека доаѓаат подобри времиња во неговиот и животот на земјата. Доаѓа од мешано семејство каде што тато му е Македонец а мајка му Србинка. Ивица завршува во „Димитар Влахов“ училиште за касап. После тоа го отслужува воениот рок во касарната „Ѓорче Петров“, каде бил шеф на готвачите. Тој никогаш не работел на струката. Се вработил после отслужувањето на воениот рок во соседството во автомеханичарски сервис. Беше горд што мајка му била Србинка и се чувствуваше пола Македонец пола Србин. Од вујко му ја земал војничката капа од српската армија и си ја понесе во Љубанци. На мајка му, Ивица и донела и слики: на едни со македонска беретка, на друга со српска.
Животот го гледаше само од убавата страна. Во ридиштата крај Љубанци, на 10 август 2001 година, со силната експолизија поставена од тер ор истите, загинува Ивица. Тој посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.