Поминаа 25 години од трагичната смрт на принцезата Дијана, а да не загинеше во сообраќајна несреќа на 31 август 1997 година, денеска имаше 61 година.

Нејзиниот љубовен живот се дебатира во медиумите до ден-денес, а светската јавност со децении ги споредува фотографиите на поранешниот офицер Џејмс Хјуит, нејзиниот поранешен љубовник, со фотографиите на принцот Хари.

Поранешниот љубовник на принцезата Дијана, Џејмс Хјуит, вели дека му е жал што принцот Хари мора да ги слуша гласините дека не е син на принцот Чарлс. На директното прашање во интервју за австралиски медиум, дали му е татко на принцот Хари, Хјуит одговори: Не, не сум!

На прашањето зошто тогаш шпекулациите дека токму тој е таткото на помладиот принц опстојуваат, Хјуит вели: Бидејќи тоа ги продава весниците. Кутрото момче, веројатно сето тоа за него е полошо!

Принцезата Дијана имала 5 годишна врска со Хјуит кога тој бил нејзин учител по јавање – пишува telegraph.co.uk. Во интервју во 1995 година таа призна дека била вљубена во него. Во своето последно интревју Хјуит вели дека не било тешко да се вљуби во неа.

– Мислам дека може да ми биде простено за тоа – вели Хјуит.

Ова не е прв пат Хјуит да ги негира шпекулациите дека му е биолошки татко на Хари, кои се базираат на сличноста во нивниот изглед.

Уште пред 15 години тој изјави дека Хари веќе одел, кога тој ја почнал врската со неговата мајка.

– Неговата црвена коса е слична на мојата и луѓето мислат дека личиме. Никогаш не сум ги охрабрувал тие споредби и иако бев со Дијана долго време, морам да изјавам еднаш засекогаш дека не сум му татко на Хари – изјави тогаш Хјуит.

Петгодишната љубовна врска меѓу принцезата и поранешниот воен офицер траеше од 1986 година, откако тој беше ангажиран да и држи приватни часови за јавање.

Во 1990-тите бил на работ на самоубиство, а како што самиот признал во едно интервју во 2011 година, неговата мајка Ширли му го спасила животот, за што тој е многу благодарен.