Хрватската планинска спасувачка служба денеска ѝ помогнала на жена од странство да се породи во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица, а девојката не ни знаела дека е бремена, објавува 24сата.хр.
– Кога стигнавме, породувањето беше во последната фаза. Се породила сама во тоалетот во Лугарница. Пристигнавме со сета медицинска опрема и почнавме со згрижување. Имавме среќа да имаме дополнителна помош во близина, од Планинската служба за спасување (ПСС). Дојде жена гинеколог и ми помогна многу – изјави анестезиологот Анела Ушановиќ за РТЛ, која учествуваше во интервенцијата.
Гинекологот Дора Перинчиќ вели дека иако учествувала во пораѓања на трудници кои не биле свесни дека се бремени, никогаш до сега не била во такви услови.
За потсетување, денеска во 14 часот и 51 минута, дежурните спасувачи добија пријава за породување во објектот Лугарница во Националниот парк Пакленица. Пред пристигнувањето на тимот на ПСС, млада странска државјанка родила девојче со помош на персоналот на Националниот парк.
– Мајката и новороденчето безбедно се префрлении се предадени на екипата за Итна медицинска помош. Комуникацијата за време на акцијата беше отежната поради немањето мобилен сигнал. Вклучени беа 7 8членови на ПСС, тимот на итната помош и лекари. Посебно би сакале да ја истакнеме исклучителната соработка со вработените во НП Пакленица – напишаа претходно во соопштението од планинската служба.
По породувањето, мајката била во емотивен шок, но и таа и нејзиниот партнер биле изненадени.