Никогаш не недостасуваат необични сцени и комбинации на облека во екот на туристичката сезона. Но турист кој влегол во продавница во Новаља на хрватскиот остров Паг успеал да ги изненади сите присутни со својот моден избор, пишуваа хрватските медиуми.

Имено, тој носеше костим за капење сличен на оној што го носеше актерот Саша Барон Коен во култната комедија ‘Борат’.

Иако овој крој на костими за капење не стана многу популарен по филмот, сепак има доволно храбри луѓе кои во вакво издание ќе прошетаат низ градот.