Loading...

Владимир Блажев- Панчо, придружниот вокал Ана Костадиновска и гитаристот Горан Тонев, се единствените тројца од поставата на ДНК кои успеаја да се спасат од трагедијата на нивниот последен настап во Кочани на 16-ти Март. За Панчо познато е дека под болничка нега и моментално неговата состојба е стабилна, за Горан исто дека е меѓу повредените, додека последните информации за Ана беа дека е на домашно лекување.

Таа денес, пред да ги испрати во вечноста своите блиски пријатели и драги колеги за првпат се огласи на својот Фејсбук.

-Си замина дел од моето второ семејство. Заедно со нив и душава моја. Остана само пепел и празнина… а, кој би рекол дека празнината може толку да боли, напиша Ана, а ја промени и својата профилна фотографија каде е заедно со својата тагично почината колешка Сара Пројковска.

Loading...

-Љубовче мое, даденце мое, ангелу мој, душо на мојата душа, ќе те сакам додека дишам и постојам, а ќе болиш секој ден… стои во описот.

Инаку, погребот на Сара Пројковска е закажан за денес од 12 часот на гробиштата во Лисиче во 12 часот.