Помладиот водник во војската на Србија, Милан В. (54) којшто во сабота со борбено, оклопно возило „пасарс“ премина во спротивната насока и буквално го прегази автомобилот „форд“, при што животот го загубија пет лица, од коишто три беа деца, даде исказ на во текот на сослушувањето во обвинителството во Краљево.
Според неофицијалните сознанија, Милан В. по стравотната несреќа, во којашто животот го загубија три мали деца, нивниот татко Даниел Лазовиќ (33) како и нивната сосетка Дијана Кутлачиќ (27), најпрво бил приведен од страна на полицијата во Краљњво, а таму во присуство на својот адвокат одлучил да се брани со молчење.
Меѓутоа по истекот на задржувањето од 48 часа, Милан бил спроведен во обвинителството во Краљево каде што дал исказ.
„По несреќата тој беше во целосен шок и на полицијата ништо не ѝ кажа околу стравотната несреќа, но подоцна пред обвинителот прозборе. Тој помеѓу останатото кажа дека, пред судирот му се слошило и дека не се сеќава на ништо што се случувало потоа“, изјави извор запознаен со случајот.
Како што вели овој извор, ќе биде направено вештачење на возилото но и сè друго што е неопходно за истрагата. „Најважно е да се утврди точната причина за оваа стравотна несреќа. Пет лица го загубија животот, а за трагедијата да биде уште поголема, цело едно семејство згасна, три деца настрадаа“, додава изворот.
Потсетуваме, военото возило „пасарс“, на 21 септември, околу 13 часот, кај областа Рашка, излета во левата лента од коловозот и притоа буквално премина преку автомобилот од брендот „форд“.
Поради силата на ударот, тешкиот оклопник буквално го прегазил автомобилот, го смачкал, и го одвлекол во ровот покрај патот. Таткото, трите деца и нивната сосетка загинале на местото на несреќата, додека Мирјана, сопругата на Даниел, којашто седела на совозачкото место, останала жива заглавена во смачканото возило. Военото возило тежело 18 тони, а спасувачите дале сè од себе за да ја спасат Мирјана, чиешто спасување траело речиси два часа, а како што вели изворот таа во свесна состојба била предадена на итната помош.