Поранешната претседателка на Советот на Град Скопје од редовите на СДСМ, Љубица Јанчева, која и во новиот мандат ќе биде дел од Советот како советничка, утрово се шокираше кога го виде својот вандализиран автомобил.

Имено, од фотографијата која утрово таа ја објави на социјалните мрежи, може да се види дека нејзиниот автомобил а оштетен на необичен начин, односно со пур пена се обвиени вратите и дел од хаубата.

– Вака ли мои сограѓани во Европа🤔 Со заплашување. Почнавте со чкртање…утрово ова? Ваквиот чин е одраз на немоќ, градоначалнику Timco Mucunski безбедноста на граѓаните од другата опција е загрозена, напиша Јанчева на својот ФБ профил.

За што всушност станува збор, погледнете ја фотографијата која ја објави Јанчева. Таа на тукушто завршените локални избори беше на петтото место на СДСМ и Коалицијата на листата за Советот во Град Скопје. Претходно, таа во време на мандатот на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, беше претседател на Советот.