За родителите кои го загубија второто свое дете откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката. За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје… Kружи вирален статус за вистинските херои од Кочани. Велат: „Нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува…“

На социјалните мрежи вирално кружи објава за сите херои од Кочани, за кои досега не сме прочитале.

Се оддава почест и на полицијата, и на возачите на Итната помош, и на таксистите и на сите знајни и незнајни јунаци.

Очигледно е напишано од луѓе од Кочани кои имаат јасна слика што се случувало таа ноќ, но и во деновите потоа.

Loading...

Нормално, за точноста на фактите не можеме да гарантираме и ја пренесуваме објавата во целост, така како што кружи.

Моќната објава допира до срце:
За вистинските херои од Кочани – нешто што нема да го прочитате и видите на друго место, а никој не ги спомнува:

– За мајката на која ѝ пукна водењакот кога дозна дека сопругот е починат и се породи два дена подоцна

– За шоферите на Брзата помош од кој едниот заврши на Кардиологија, а другиот во Јесеново

– За полицајците кои ваделе свои повредени колеги и деца починати и повредени деца на колеги. За полицајците кои во болницата миеле повредени и менувале инфузии и преврзувале

– За командирот на пожарната во Кочани кој е во болница

– За дечките од Црвениот крст, пред сè од Кочани

– За матичните лекари и медицински сестри од кочанско и виничко

– За доброволните пожарникари од Кочани кои од џеб даваат пари за да имаат гориво за возилата и нивна регистрација, како и плаќаат данок на државата за увоз на протовпожарни камиони

– За кочанските таксисти кои биле ударна сила при транспортот до кочанската болница на многу повредени и, за жал, починати.

– За цивилите кои со сопствени возила однеле повредени директно за Скопје

– За детето од Македонска Каменица кое извлекло неколку преживеани лица кои сведочат како биле спасени од него

– За Филип, Андреј, Марко, Никола, Давор, Илија, Петар, Игор, Мирче, Давид, Борис… и безброј други дечки кои од дома дошле и извлекле доста лица ризикувајќи си го своите животи, па така сега се по болници

– За родителите кои го загубија второто свое дете, откако пред неколку години во странство им беше убиена и ќерката

– За родителите на чии раце пред болницата на клупа им починаа децата

– За докторките, докторите и медицинските сестри кои сопствените деца ги примиле и виделе кобната вечер повредени и кои, за жал, се лечат во странство и се во тешка ситуација и понатаму

– За ќерката на обвинителот која исто така се бори за живот

– За неколкуте дечки кои скршиле ѕид од гипс и ослободиле простор помеѓу ходникот и излезната врата, потег со кој се спасиле многумина

Има уште многу бројни знајни и незнајни херои на дело, а не на рекла казала и желни за лајк повеќе и медиумско внимание.

Затоа не долевајте сол на раната, особено не на нереални и преувеличени работи во момент кога тагата е огромна, а истата тага може да премине и во револт.

Loading...