Марија Петронијевиќ од Лесковац, која боледуваше од акутна леукемија, ја загуби битката со оваа тешка болест. Марија почина на 33-годишна возраст.

Чекала да се најде личност која ќе и ги донира нејзините матични клетки, а со тоа ќе и го спаси животот. За жал, Марија не го дочека својот донатор.

На Марија на 16 февруари и беше дијагностицирана леукемија. Нејзиниот брат веднаш бил тестиран, но се покажало дека тој не се совпаѓа со Марија и дека во светскиот регистар на доброволни дарители на матични клетки нема соодветен донор.

– Се уште нема ништо ново, чекам. Кога ќе видам некој непознат број ми се јавува, само помислувам дека некој од Институтот ќе ми даде до знаење дека некој ми одговара – говореше Марија.

Марија зад себе ги остави сопругот и двете ќерки. Како што изјави за „Блиц“, сакаше да живее и да ги расте децата со двајцата родители.

Како што пишува Југмедиа, Марија синоќа заминала во болничкиот кревет, од каде им праќала пораки на пријателите да не се грижат и дека ќе закрепне, се додека не ги затворила очите.