Ајдин Пуриватра, син на филмскиот продуцент и основач на Сараевскиот филмски фестивал Мирсад Пуриватра, почина на 26-годишна возраст.

Тажна вест дојде од семејството на босанскиот филмски продуцент и основач на Сараевскиот филмски фестивал, Мирсад Пуриватра.

Неговиот син Ајдин Пуриватра почина во петокот на 18 август на 26-годишна возраст.

Како што пишува Дневни аваз, погребот бил извршен на 19 август во присуство на семејството и пријателите, по што била објавена тажната вест. Ајдин зад себе ја остави ќерката Миа.

Таткото на Ајдин, Мирсад Пуриватра, го основа Сараевскиот филмски фестивал во 1995 година и ја извршуваше функцијата директор од неговото основање до минатата година, а го наследи колегата продуцент Јован Марјановиќ.

Сараевскиот филмски фестивал долго време е познат како најголемиот и најважен филмски фестивал во Југоисточна Европа.