На 6-ти април 2019 година, во доцните часови низ јавноста проструи веста дека починала актерката Билјана Беличанец. На само 45 години, жената која одигра безброј маестрални улоги, која за своите пријатели и колеги беше цврста како камен, а истовремено и нежна и кршлива како стакло, си го одзеде животот со бесење.

Веста за смртта тогаш ја потврдија и од МВР, со соопштение дека телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски, во бањата во неговиот стан во Скопје.

И по 6 години од смртта на Беличанец остана неодговорено прашањето – Зошто? Мајка на две деца кои ги доби со првиот сопруг и за кои секогаш раскажуваше со огромна љубов, голем број на одлично одиграни улоги во театарски претстави, во детски емисии, синхронизација на Хурем во популарната турска серија, според која го доби и прекарот македонска Хурем…

Речиси да немаше некој од нејзините колеги кој тогаш не се прости со неа со емотивна објава на социјалните мрежи. Сите жалеа за нејзината младост, за прекинатиот живот во време кога таа имаше уште многу да даде, но и прашуваа како се дозволи Билјана да им се излизга од рацете, која била маката која ја натерала на тој чекор, да посегне по својот живот?

Loading...

Последната одиграна претстава на Беличанец е „Љубовници”, авторски проект на актерката Катерина Коцевска, во 2019 година.

Loading...