Српскиот новинар Игор Каранов ненадејно почина синоќа на 49-годишна возраст. Зад себе остави три деца, откако срцето го издаде јавуваат утрово српските медиуми.
Каранов неодамна почна да работи на телевизиската емисија „„Priča o priči““ за ТВ Инсајдер. Со години се занимавапе со печатено и онлајн новинарство – од новосадски Дневник, преку магазинот Svet ,Puls, Profil, “Ekskluziv” Glorija, Pejboj, „ELLE“, Story и до порталот Wanted.
„Ненадејното и предвремено заминување на Каранов за Инсајдер ТВ е голема загуба, не само поради фактот што тој беше ризница на знаење и убавината на зборовите, туку и затоа што не напушти човек кој пленеше со својата душа“, се наведува во соопштениеро на ТВ Инсајдер.
На многумина им се допадна и блогот на Игор кој го пишуваше Фејсбук страницата AllMe. Покрај тоа, тој има работено како надворешен соработник на бројни списанија како Newsweek, FHM, CKM и други. Има објавено четири книги. За „Vek bez ikog“, една од своите три книги со поезија, Каранов ја доби наградата „Matićev šal“, а го објави и романот „Дневник на еден владетел“.