Нашата сограѓанка Бојана Танеска Бонеска ја загуби битката со тешката болест, објави локалниот портал ohridnews.

На Бојана и беше дијагностициран „Small Bowel Neuroendocrine Carcinoma“ за чие лекувањето беше потребно голема сума на средства.

Охриѓани се мобилизираа со бројни хуманитарни настани и акции во Охрид и низ државава и ги собраа потребните 90.000 евра за лекувањето на Бојана, но, за жал, Бојана не ја издржа битката.

Бојана почина на само 38-години и беше мајка на две деца, на возраст од 7 и 13 години.

Таа повеќе од една година водеше животна битка со ракот. Нејзината дијагноза е C17.