По долго боледување, рано утринава во Врање почина новинарката Тамара Китановиќ (51).
Кариерата ја почна на радио, но телевизијата беше и остана нејзината најголема страст. Остави неизбришлива трага со своите оригинални емисии, а колегите ја препознаваа по исклучителната професионалност и ведриот дух, пишуваат српските медиуми.
Китановиќ дипломира на рударско-геолошкиот факултет во Белград. Родена е на 6 април 1972 година.
Позади себе ги остави своите неутешни родители, две ќерки и две внуки.