На гробиштата Нова Бежанија вчера беше погребана поранешната мисица Мирјана Стојановиќ која загина во тешка сообраќајна несреќа на патот Прхово-Шимановци.

Покрај неутешното семејство, на погребот присуствувале и пријатели и познаници.

– Мирјана беше добар возач и не знаеме како се случила несреќата. Истрагата се уште е во тек – вели извор на белградските медиуми.

Мирјана зад себе остави две мали деца на три и шест години.

Поранешната мис фотогеничност и финалистка на изборот за Мис на Србија 2007 година загина на 20-ти мај во страшна несреќа кога автомобилот „голф“ што го возела се судрил со камион, а Мирјана од повредите починала на местото на несреќата.