Малиот Елиор.Д (11) повеќе не е жив. Четвртоодделенецот бил удрен од камион во Базел – во предел на пешачки премин. Ден по страшната драма, весникот „Блик“ можеше да разговара со родителите кои се Албанци од Македонија и заминале во Швајцарија надевајќи се на подобар живот.
Фестиме Д. (34) и нејзиниот сопруг Ардијан Д. (35) тажно седат на својата тераса во Базел. Нивните очи постојано гледаат кон патот, бидејќи местото на несреќата е на помалку од 200 метри. Родителите се со скршено срце. Го загубија синот единец Елиор (11). Во петокот, нешто после 12 часот, четвртоодделенецот бил удрен од камион во пешачка зона, по што починал.
Последен училишен ден
– Последен пат кога го видов Елиор беше во четвртокот навечер кога му реков добра ноќ. Следното утро тој сè уште спиеше кога отидов на работа. Фестиме го испрати на училиште тоа утро. Тој го имаше последниот училишен ден како 4-то одделение, вели Ардијан Д.
– Она што се случи потоа е страшно, сестрата на Елиор (8) оди во истото училиште со нејзиниот брат. Непосредно пред пладне таа одела помалку од 20 метри зад Елиор. За среќа, таа не беше сведок на несреќата, вели Ардијан Д. но додава дека сестричката потоа поминала на местото.
Сестрата на Елиор и другите деца почнуваат да врескаат на улица. Толку гласно што дури ја шокирале мајката на 11-годишното дете во станот. „Веднаш излегов надвор“, вели Фестиме Д. „Ќерка ми хистерично ни викаше дека Елиор го удрил камион“.
„Веднаш сфатив дека нашиот син е мртов“
„Не се сеќавам како пешачев помалку од 200 метри до местото на несреќата“, вели Ардијан Д. Таму го запрел случаен минувач. „Го видов Елиор веднаш под камионот. Целосно занемев“, вели мајката и додава дека веднашс фатила оти нејзиниот син е мртов.
Родителите потоа биле тргнати од шокантната глетка и згрижени во амбулантно возило заедно со нивната ќерка. Елиор е испратен во судска медицина.
– Тој е сè уште таму, вели Ардијан Д.
– Внатре сме празни, но полни со спомени за него. Нашиот Елиор беше ангел на овој свет.
Нивниот син играше фудбал. „Беше горд на себе што му се допадна на тренерот“, се сеќава неговиот татко. Но, Елиор не сакаше да биде професионален фудбалер, тој сакаше да биде пилот. Сакаше да седи во симулатор за летање и ги знаеше сите комбинации“.
Елиор беше личност која уживаше во животот и секогаш беше загрижена дека на сите им оди добро. „Неговото срце беше исклучително големо. Елиор со нетрпение го очекуваше својот летен одмор во Турција.“
Што е со камионџијата?
„Сè уште не сме слушнале ништо од него“, вели Ардијан Д. „Се уште не знаеме кој го удри нашиот син. Елиор уште од мали нозе ги почитува правилата. Сè уште не е јасно дали возачот воопшто имал зелено светло, вели таткото обвинувајќи го возачот за невнимание.