Починатите лица во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се на возраст од 14 до 25 години, од Скопје, Штип, Кочани, Пробиштип, кажа денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимовска. Кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.
Директорката кажа дека првиот повик дека има пожар го добиле во 2:48, за 30 минути се екипирала цела болница. Стигнале 70 пациенти, биле со изгореници и со труења од јаглерод моноксид.
„Носеа починати лица, но имаше и што починаа на прием. Бидејќи немаме доволно возила, се јавив кај сите болници во Источна Македонија, а почнаа и да пристигаат возила за Брза помош од Скопје и Велес. Се транспортираа потешко повредените до Штип и во Скопје“, кажа д-р Серафимовска.
Во раните утрински часови во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој починаа 51 лице и беа потешко повредени повеќе од сто лица.
Причината за пожарот, според првичните информации кои ги соопшти Тошковски се дека настанал од искри од приотехнички средства, кои биле употребени за светлосен ефект на концертот на групата ДНК.
Во моментот на активирање на прскалките, најверојатно искрите го зафатиле таванскиот дел кој е од лесно запалива материја и за кратко пожарот се проширил низ цела дискотела и се создал густ чад.
Дел од починатите лица има во повеќе болници во Северна Македонија, кои по нивна идентификација ќе бидат однесени на обдукција. Повредените, од кои има и потешко повредени, освен во кочанската се сместени во повеќе клиники.
Сочувство стига од сите страни, но се нуди и помош. Приведен е сопственикот на дискотеката во Кочани, лиценцата на дискотеката била до 24 март