Во тек е координирање за извлекување заглавено постаро лице од снежни наноси во својот дом село Полаки во малоото Бабиште, Кочанско. Според информацијата од Центарот за управување со кризи, Регионалниот Центар од Кочани ги има известено дека постапиле по пријавата за помош на лице во село Полаки, кое е планинско село од разбиен тип во маало Бабиште при што контактирани се Општина Кочани, Црвен крст , ТППЕ Кочани и ДЗС Кочани.
Командирот на ТППЕ Кочани има стапено во контакт со братот на лицето кое се наоѓа во село Полаки за негова евакуација од страна на ТППЕ Кочани. Но, истиот ја одбива понудената помош со барање да се почека до утре. До институциите од заглавеното лице има и ново барање да им се исчисти прво патот (концесионерот ги одржува само патиштата коишто се под асфалт, а не и споредните патишта коишто се до маалата, а што не се асфалтирани), па потоа тие да проценат дали ТППЕ има потреба да интервенира за нивна евентуална евакуација.
РЦУК Кочани и Секторот за операции и координација се во постојан контакт со ТППЕ Кочани.