Германското Министерство за здравство истражува можна измама за време на вакцинацијата против Ковид-19, која можеби го загрозила здравјето на околу 430 пациенти во областа на езерото Констанца.

Портпаролот на Кабинетот на округот Бодензекрајс изјави дека надлежното Министерство за здравство контактирало со сите пациенти кои дошле да се вакцинираат во споменатата канцеларија и дека ќе треба да се тестираат за антитела за да се утврди дали навистина ја примиле вакцината против Ковид.

Имено, постои сомнеж дека лекарката од таа ординација ги вакцинирала пациентите со неефикасна супстанца. Тој додаде дека истрагата е во тек и оти засега не е изречена привремена забрана за работа на осомничената докторка.

Во вакцината ставила хомеопатска смеса?

Истрагата беше покрената откако антитела против Ковид-19 не беа евидентирани кај тројца целосно вакцинирани пациенти од таа ординација. Доколку се потврди сомнежот за измама, раководителот или вработените во ординацијата ќе треба да одговараат за опасното загрозување на здравјето на пациентот.

SWR пишува дека истрагата ја покренала пациентка која била вакциниран во таа ординација. Кога почнала да разговара со докторката за стравот од несакани ефекти, таа наводно и рекла да не се грижи бидејќи измешала нешто хомеопатско во вакцината. По консултација со матичниот лекар, жената случајот го пријавила во надлежните служби.

Кон крајот на ноември полицијата изврши претрес во кординацијата, а сега се чекаат официјалните резултати од анализата на собраните докази.