Вистинска драма се случи попладнево во скопско Студеничани. Мигранти биле држани во подрумски простории во Студеничани од страна на криминална група со закани со оружје, дознава Нетпресс од свои извори.

Мигрантите преку електронска порака на eмаjл побарале помош од ОЈО, бидејќи биле држани во подрумски простории од страна на криминална група со закани со оружје.

Полицијата веднаш реагирала и испратила екипи од ЕИП при СВР Скопје и САЕ Тигар од ОСПО. Направен е преглед на двата посочени објекти и при преглед на вториот објект во подрумот на куќата се пронајдени 6 мигранти, а се приведени седум македонски државјани кои во моментот биле во објектот, за кои дополнително ќе се врши проверка за нивната инволвираност во криминалните активности.

Од страна на службите се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Loading...

Loading...