Здружението на онколошки пациенти Врање на својата Фејсбук страница објави дека почина нивната членка и сограѓанка Борка Бокица Стефановиќ (37), за која цела Србија се бореше со месеци.
Друштвото пред три дена предупреди дека на Борка, која три недели беше на лекување во Атина, останува без пари за лекување. Според проценката од болницата потребни биле уште 10.000 евра. За жал, Борка почина на 12 јули.
„На 37-годишна возраст почина нашата Борка Бокица Стефановиќ. Нема зборови да ја искажеме нашата тага, затоа што ја нема најдобрата, најхрабрата и најблагородната девојка што ја познаваме. Беше неповторлива, носеше радост каде и да беше, бидејќи таа самата беше тоа – радост. Така ќе ја паметиме, додека сме живи. Не постои смрт, има само преселба“, напишаа од Здружението на онколошки пациенти од Врање на својата Фејсбук страница.
Од Друштвото потсетуваат дека Борка се разболела пред три години, кога имала 34 години. Не ни сонувала дека има метастазиран рак на дојка и дека животот ќе и се преврти наопаку.
„Една операција, па хемотерапија, повторно операции, па терапии и така ден за ден, година во година. Се поднесуваше стоечки, а само најблиските знаеја низ каква голгота минува. Колку и да и беше тешко, не го покажа тоа, туку со ентузијазам се приклучи на нашето друштво. Таа секогаш беше прва што организираше, правеше и помагаше на другите. Во нејзиниот вокабулар немаше „не“, туку „може“, „нема проблем“, „тука сум за тебе““, велат од Друштвото.
Друштвото често апелираше до сите кои можат, да помогнат да се соберат средства за лекување на Борка. За жал, болеста сепак ја победи Борка.