Поранешниот голман на Арсенал, Милдсбру и Вест Бромвич, Алан Милер трагично почина на 51-годишна возраст.

Милер ја започна својата кариера во Арсенал, каде ги мина помладите категории, а за првиот тим играше девет натпревари и претежно беше резервен играч.

Запиша и четири натпревари за младата репрезентација на Англија.

Во текот на својата кариера играше за Плимут, Блекбурн, Вест Бромвич, Милдсброу, Ковентри, Бристол Сити, Гримсби и Сент Џонсон.

Неговите поранешни клубови се простија од Милер.

– Со голема тага ја примивме веста дека почина нашиот поранешен играч, Алан Милер (51). Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите во овие тешки моменти. Почивај во мир, Алан – напиша Арсенал.

– Тажни бевме кога дознавме дека поранешниот голман Алан Милер починал. Во овој ужасен момент размислуваме за неговото семејство – се наведува во соопштението на Вест Бромвич.