Национално Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки со емотивна порака се прости од својата колешка, медицинската сестра Валентина Јовановска.
„Денес престана да чука Големото срце на нашата драга колешка Валентина Јовановска. Вале целиот свој работен век го помина во Итната Медицинска Помош – Скопје, помагајќи на луѓето и пружајки итно медицинско згрижување на секого кому му беше потребно. Беше дел од организацискиот и едукативниот тим во Секцијата на медицинските сестри – техничари во итна медицинска помош при Националното здружение на мед сестри – ЗМСТАМ. Денес замина засекогаш, токму од работното место. Тагата ја споделуваме со твоите најмили, почивај во мир драга колешке“, пишува во објавата на социјалните мрежи.