Маж (47) од Србија, кој е турист на Крит, за 10 дена направил хаос на овој грчки остров. Најпрвин на 3 септември во алкохолизирана состојба прегазил постар маж (85) во градот Ситија, кој подоцна починал во болница, а потоа вчера повторно седнал зад воланот и повредил две жени.
По првата сообраќајна несреќа на мажот му била одземена дозволата, но тој повторно седнал зад воланот во алкохолизирана состојба и предизвикал инцидент во близина на археолошкиот локалитет.
Како што јавија грчките медиуми, мажот вчера повредил две жени од Чешка на возраст од 50 и 25 години. За среќа, тие се само полесно повредени.
Полицијата истражува како Србинот успеал да изнајми автомобил иако му била одземена возачката дозвола.