Српскиот државјанин Бојан С.(32) ќе биде испратен на вечното почивалиште во родниот град, а австриската полиција се уште трага по возачот на „аудито“ кој го однел во смрт.
Бојан С.(32) од Белград, кој на 22 септември загина во сообраќајна несреќа во Виена, додека седел на совозачкото седиште во автомобил „ауди“ управуван од негов пријател, утре ќе биде погребан во Лешче.
Српските медиуми објавија дека документацијата за транспорт на телото е завршена и дека младиот човек ќе почива во родниот град.
Да потсетиме, настраданиот Бојан С. бил на совозачкото седиште во „аудито“ кога возачот со голема брзина изгубил контрола и се забил во ѕид. По ударот, возачот како и уште едно лице кое било во автомобилот избегале од местото на несреќата и по него трага австриската полиција. Исто така, утврдено е дека автомобилот што излетал е изнајмен од агенција за изнајмување.
– Бојан замина пред извесно време во Виена да заработи за леб. Отиде да работи и да заработи и да си обезбеди подобар живот, а сега го враќаат во ковчег – вели познаник на настраданиот млад човек и додава:
– Слушнавме дека ги познавал двајцата момци кои биле со него во „аудито“. Двајцата се од Србија, а возачот наводно е од околината на Белград. Можно е да побегнал затоа што немал регулиран престој во Австрија или затоа што се исплашил, кој знае. Сепак, требало да останат и да си помогнат…
Како што веќе пишувавме, постои сомневање дека брзината со која автомобилот удрил во ѕидот била 150 километри на час.
– Сликата по несреќата беше застрашувачка. Стрелката била заглавена на 150, а Аудито било смачкано. Чудо е што преживеале другите двајца од автомобилот – додал изворот.