Притисокот на јавноста на кој се изложени познатите личности е голем, но факт е дека тие самите го избраа, што не може да се каже за нивната околина, односно членовите на нивните семејства.

Па така, додека Џенифер Лопез досега добро научила како да се справи со лошите коментари, нејзината ќерка тинејџерка е изложена на навредливи, ужасни коментари секогаш кога ќе се појави со нејзината мајка.

Деновиве Џенифер беше фотографирана додека се шета со својата ќерка Ема, која веќе во неколку наврати претрпе вистинска тортура на социјалните мрежи бидејќи не го негува стилот на нејзината мајка.

Ништо поинаку не беше ниту овој пат. Ема Марибел Мунјиз неодамна го прослави својот 13 роденден, но поради својата славна мајка во тинејџерските години не може да ужива во овој период поради дежурните интернет коментатори.

Ема моментално поминува низ бунтовничка фаза како и повеќето тинејџерки, а судејќи по фотографиите, таа целосно го променила стилот. Ја скрати и бојадиса косата, а нежната облека од пастелни бои што ја носеше додека мајка и беше стилист ја замени со бунтовни парчиња, што е типично за секој тинејџер.

Сепак, не секоја тинејџерка има позната мајка, па затоа не мора да поминува низ она низ што поминува Ема. Коментарите со кои се соочува во сите медиуми, како и социјалните мрежи се грозни.

– Кога мајка ти е Џенифер Лопез, а ти изгледаш вака.

– Кутрата, таа личи на татко и.

– На кого личи таа?

Некои се и многу пострашни од овие коментари, а злонамерните коментатори не реагираат на апелите на малкумина да внимаваат што зборуваат бидејќи се работи за тинејџерка во чувствителен период.