Хрватската Влада донесе одлука да ги замрзне цените на горивата, а со тоа и да ги ослободи граѓаните од овој ценовен шок.

Замрзната е и цената на нафтата за домаќинствата. Со овој чекор треба да се заштитат граѓаните на Хрватска од поскапувањата кои се неминовни.

„ Имајќи го предвид очекуваниот раст на цените на нафтените деривати одлучивме повторно да донесеме одлука за лимитирање на цените на евросуперот 95 на постоечките 11,37 куни (1,51 евра), значи тоа е цената која е околу две, три недели и таа ќе остане во следните месец дена, и дизелот на 11,29 куни (1,50 евра)“ изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

Тој додаде дека ова се прави со цел да се заштити стандардот на граѓаните кои се погодени од поскапувањата и намалувањето на економијата поради ковид кризата.

Цената на горивата ќе остане иста во наредниот месец по што ќе се види дали ќе треба да се преземат дополнителни чекори.