Педесети и четиригодишен маж бил пронадјен починат, откако се обидувал да го изгаси пожарот во неговата куќа откако огнот најпрво избувнал на тревна површина и се проширил кон неговиот дом.
„Вчера во 15,20 часот во СВР-Куманово било пријавено дека во Куманово, во местото викано Стара Воденица, настанал пожар во нива каде горела сува трева, непосредно до куќата во која живеел Д.К.(54)“, информира МВР.
Од пожарот била зафатена и куќата, а Д.К. се здобил со повреди при гаснењето и бил пронајден починат.
„Од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Известен е јавен обвинител кој дал наредба телото на починатото лице да биде предадено на семејството. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово“, се вели во соопштението од МВР.