Ајла Мемиќ (29), родена Драпиќ, постарата сестра на Џејла Драпиќ е во тешка здравствена состојба, откако состојбата и се искомплицирала за време на лекување на забите.
Според семејството Драпиќ, Ајла била лекувана кај истиот стоматолог во Сараево каде се лекувала Џејла, која почина на 11 октомври по компликации.
Семејството тврди дека тоа е истата стоматолошка ординација кај др. Харис Мекиќ. За сето ова е известено Обвинителството на КС и, како што пренесуваат локалните медиуми, истрагата се проширува. Тоа го потврди и Муамер Драпиќ, таткото на Ајла и Џејла.
– Апсцесот на Ајла и се појави пред 17 ноември. Отишла во итната медицинска помош, каде и го расекле забот. Истиот доктор кој работеше во август, стоматологот Харис Мекиќ. И отстраниле малку гној и побарала упат до Клиниката за максилофацијална хирургија. Па ја испратија од Итната помош на Максилофацијална клиника, каде што ја прими докторот, таму беше и доктор Дервишевиќ, па мораа дополнително да направат исекотина – изјави Муамер Драпиќ.
На Ајла и е поставен дрен низ кој треба да излегува гнојот.
– Пие антибиотици, има болки. Окото почна да и се затвора од отокот. Дојде до веѓата. Катастрофа, се` пријавивме во Обвинителството КС преку адвокат. Ова е неверојатно, моето второ дете да има проблем поради истиот стоматолог, не ми се верува – вели Драпиќ.
По ова, семејството Драпиќ, но и јавноста со право се прашуваат колку луѓе треба да настрадаат за да се преземат конкретни мерки, во смисла на целосно суспендирање на споменатата стоматолошка ординација, барем додека не завршат сите истражни дејствија.
Во извештајот од КЦУС, во врска со третманот на Ајла Мемиќ, се наведува:
– Во август тековната година во приватната стоматолошка ординација на др. Харис Мекиќ се третираше забот 14 (прв горен премолар), беше исчистен длабок кариес и беше поставена дефинитивна пломба. Пред три дена имаше повремени болки, особено при промена на притисокот (со свиткување на главата) и имаше оток во пределот на образот десно. Регистрирана е некроза на содржината на коренските канали“.